сабота, 27 јули 2024

Истрага против кумановец кај кого бил најден кокаин

Објавено на

часот

Сподели

„При претрес извршен на 12 април во куќата на осомничениот на ул. Јоско Илиевски во Куманово, била пронајдена наркотична дрога – кокаин во вкупна нето маса од 6,8 грама. Осомничениот ја набавил дрогата наменета за натамошна препродажба, ја препакувал во девет помали пакувања и ја чувал во домот заедно со дигитална вага“, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Но, како што велат од ЈО, предлогот не бил прифатен и судот со решение на осомничениот му определи мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице.​

                                                                                                                     Фото: Архива – МВР

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ