петок, 24 јануари 2025

Истрага против Гани Туша, осомничен за убиството на Орхан Бајрами во Ханиоти

Jавното обвинителство отвори истрага за убиството на Орхан Бајрами Оки во Ханиоти, Грција, лани на 15 јули, а осомничен е Гани Марку (33). Бајрами беше познат во јавноста како еден од лидерите на кримуналната група Дуќанџик/Грчец.

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот Гани Марку, на 15 јули 2023 година, во Ханиоти, Република Грција, заедно со уште едно засега непознато лице, со умисла го лишиле од живот сега покојниот Орхан Бајрами, а ги довеле во опасност и животите на уште четири лица”, информираат од ОЈО.

Според обвинителството, Марку заедно со неговиот соизвршител маскирани пристигнале во туристичкиот комплекс каде бил сместен Бајрами и се приближиле до отворената задна балконска врата. Марку со пиштол ‘црвена застава’ со калибар 7,65 мм со пригушувач испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник со пиштол од ист калибар уште 8 куршуми во правец кон оштетените. Од куршумите, три завршиле во телото на Бајрами нанесувајќи му смртоносни повреди.

Марку е дел од групата Барон – Беланоца од скопското подземје заедно со групата Дуќанџик. Се претпоставува дека убиството било дел од пресметката на бандите за превласт на скопскиот нарко пазар.

Гани Марку, порано Туша, е повратник од Сирија каде се борел во редовите на терористичката Ал Нусра и е осомничен и за ликвидацијата на Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов-Љаци, во „Шиша бар“.

Марку е во притвор за предизвикување општа опасност. Грчките истражни органи издале меѓународна потерница по Туша, но кривичното гонење е отстапено на на скопското обвинителство. Со новата истрага за убиството на Оки тој останува во притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ