сабота, 27 јули 2024

Истрага покажа дека свештеници во Илиноис 70 години сексуално злоставувале 2.000 деца

Објавено на

часот

Сподели

Главниот државен адвокат Кваме Раул кажа на конференција за новинарите дека истражителите откриле дека католичките свештеници злоставувале 1.997 деца во Илиноис меѓу 1950 и 2019 иако призна дека многу случаи застариле и дека тие злоставувачи „никогаш нема да излезат пред лицето на правдата“.

„Се надевам дека овој извештај ќе ги разоткрие оние кои ја искористиле својата позиција и довербата која им е дадена за да злоставуваат невини деца, како и луѓето во црковниот врв кои го прикривале тоа злоставување“, кажа Раул.

„Овие извршители можеби никогаш нема да одговараат пред суд, но со нивното именување сакаме да обезбедиме јавна одговорност и да им помогнеме на жртвите кои долго пателе во тишина“, кажа тој.

Во долгиот извештај се наведува дека црковните лидери во Илиноис исклучително споро реагирале на обвиненијата за злоставувања и дека не ги предупредиле локалните жители на можните злоставувачи во нивната средина. За тоа понекогаш им биле потребни децении по појавувањето на обвиненијата.

Ревизијата почнала во 2018 година во времето на претходничката на Раул Лиса Мадиган. Раул кажа дека 25 члена од неговиот тим прегледале над 100.000 страници црковни документи.

Државниот адвокат ги обвини католичките лидери за носење одлуки и политики кои „им дозволувале на познатите сексуално злоставувачи на деца да се скријат“.

Во државата Илиноис живеат 3,5 милиони католици, односно околу 27 отсто од вкупното население. Црквата има 2.215 свештеници.

Извештајот е дела од повеќе истраги низ светот за сексуалното злоставување во Римокатоличката црква и честата пракса одговорните да не се казнуваат туку да се префрлаат на други места, што доведувало во опасност уште повеќе деца.

Тие скандали ја уништија репутацијата на католичката црква и претставуваат голем предизвик за папата Франциско кој во последните 10 години усвои низа мерки чија цел е одговорност на поголем број свештеници, со делумни резултати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ