сабота, 4 јануари 2025

Истрага на ОЈО за причините за несреќата на скопската обиколница, со едно починато лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршиле увид на местото на настанот што се случил на скопската обиколница и во кој е починато женско лице.

Објавено на

часот

Сподели

„Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој се движел по обиколницата. Возачот на автомобилот е алкотестиран веднаш по несреќата, при што не е утврдено дека управувал со возилото под дејство на алкохол“, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се разговара и со очевидци на настанот, со цел да се испитаат сите околности, посочуваат од ЈОРСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ