сабота, 27 јули 2024

Истрага и за трето лице осомничено за грабнувањето на Самоил Костадиновски

Објавено на

часот

Сподели

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело –  грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 3 март, заедно  со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Се преземаат дејствија за лишување од слобода на осомничениот“, се вели во соопштението на обвинителството.

26-годишниот Самоил Костадиновски исчезна на 3 март. Костадиновски е внук од брат на Виолета Бошковска, сопругата на политичарот Љубе Бошкоски. Таа тогаш изјави дека никој ништо не знае за нејзиниот внук кој има 26 години. Во полицијата случајот го пријавил утрото на 4 март неговиот брат, триесет и двегодишниот М.К..

Сомнежите се дека на 3 март осомничените го грабнале момчето во скопската населба Кисела Вода и извршиле дејствија на кривично дело грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Сивиот опел со кој бил грабнат Костадиновски, а во кој имало три лица грабнувачи, според информациите на МКД.мк, бил полиен со бензин и запален.

Минатата недела таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски бил ранет од истрел со пиштол од засега непознато лице. Дали се работи за заплашување или за обид за негово убиство, засега нема информации.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ