сабота, 27 јули 2024

Истрага и притвор за наставник од Струмица за полов напад врз дете

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот, инаку наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ