среда, 22 мај 2024

Историско финале во Купот на Македонија, Тиквеш и Воска ќе се борат за трофејот

Тиквеш и Воска ќе се сретнат во финалето во Купот на Македонија откако попладневоо беа поуспешни во пресметките против Шкупи односно Македонија ЃП.

Објавено на

часот

Сподели

Завршнцата во Купот на Македонија ќе донесе нова историја, Тиквеш и Воска за прв пат ќе играат во финале.

Тиквеш на пенали беше подобар од Шкупи, откако и денешниот реванш заврши без погодоци.

Дарко Илиевски беше несреќниот фудбалер во пенал рулетот, не реализираше од белата точка, по што Тиквеш славеше со 5-3.

На вториот натпревар, Македонија ЃП славеше со 2-1 против Воска, но тоа не беше доволно за домаќините да го бранат трофејот.

Јахији ги донесе гостите во предност од 0-1, Самир Фазли изедначи на 1-1 во 25. минута, за Крсте Велковски од пенал да реализира за 2-1 во 64. минута.

Македонија ЃП потоа тргна и по трет гол, но на крајот не успеа да стигне до посакуваната цел и Воска се радуваше на финале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ