сабота, 27 јули 2024

„Историски настан“: Германија почна да распоредува трупи во Литванија (ФОТО)

Откако Германија денес почна да распоредува свои војници во Литванија и за првпат по Втората светска војна испрати свои сили долгорочно надвор од земјата, литванските лидери го поздравија настанот како „историски“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дваесетина војници пристигнаа денес во Литванија, а подоцна оваа година ќе им се придружат уште 150 припадници на германската војска, а се очекува германскиот воен контингент до 2027 година да брои 5.000 војници, пренесува Асошиејтед прес.

„Ова е прв пат трајно да стационираме некоја своја воена единица надвор од Германија“, кажа германскиот министер за одбрана Борис Писториус во Берлин на церемонијата на испраќање на војниците и кажа дека тоа е „важен ден за Бундесверот“.

Во главниот град на Литванија Вилнус, министерот за одбрана Лаусиран Кашчунас кажа дека пристигнувањето на германските трупи е „одличен пример“ за сите земји од источното крило на НАТО, на границата со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија.

„Ќе создадеме таква архитектура на одбрана и одвраќање што ниеден противник од истокот нема да помисли да го тестира членот 5 на НАТО“, кажа Кашчунас.

Членот 5 за колективна одбрана е еден од главните принципи на западниот воен пакт, а во него се наведува дека оружени напад на една или повеќе членки се смета за напад на сите земји на НАТО.

Германката војска од 1990-те години учествува во долгорочните операции на НАТО во странство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ