сабота, 27 јули 2024

Историски момент, вели германската Амбасада во честитката до Сиљановска Давкова

„Историски момент: честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Северна Македонија!“, се вели во честитката на Амбасадата на Германија до претседателката Сиљановска Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

„Се радуваме на натамошниот развој на доверливата соработка и пријателство меѓу Германија и Северна Македонија на патот кон нашата заедничка европска иднина“, објави на Фејсбук Амбасадата на Германија.

Претседателката Сиљановска Давкова беше инаугурирана вчера во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.

Таа е шестиот шеф на државата од осамостојувањето на Македонија и прва жена избрана на оваа позиција. Сиљановска Давкова оствари убедлива победа на претседателскитет избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ