петок, 26 јули 2024

Историски меч на Нуркиќ, Босанецот постави рекорд во Феникс (ВИДЕО)

Босанскиот кошаркар, Јусуф Нуркиќ имаше историски настап за Феникс, но неговиот тим загуби на домашен терен од Оклахома со 118-110.

Објавено на

часот

Сподели

Нуркиќ оствари дури 31 скок на овој натпревар, со што постави нов рекорд по број на скокови на еден меч во Феникс. Но, неговата брлијантна скок игра не беше доволна за Феникс да оствари победа, тој запиша и 14 поени.

Феникс во третиот период имаше негатива од 24 поени, но направи голем пресврт и во текот на последниот период дојде до водство од 7 поени разлика. Сепак во финишот, кога се решаваше мечот, гостите беа подобри и на крајот славеа со 118-110.

Најдобар во составот на Оклахома беше Гилгеус Александер со 35 поени, најефикасен кај Феникс беше Бил со 31 поен.

Резултати:
Далас – Филаделфија 116-120
Бостон – Голден стејт 140-88
Минесота – ЛА Клиперс 88-89
Орландо – Детроит 113-91
Торонто – Шарлот 111-106
Кливленд – Њујорк 98-107
Сан Антонио – Индијана 117-105
Феникс – Оклахома 110-118

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ