сабота, 27 јули 2024

Историски избор на Мароко во претседателството со Советот за човекови права на ОН

За време на гласањето одржано во Женева, Кралството Мароко беше избрано во претседателството со Советот за човекови права на Обединетите нации за 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Од 47 членки на Советот за човекови права на Обединетите нации, 30 ја поддржаа кандидатурата на Мароко, за разлика од онаа на Јужна Африка која доби само 17 гласа, соопшти Министерството за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници.

Овој историски избор на Мароко во претседателството со ова престижно тело на ОН, го изразува признанието на меѓународната заедница за визијата на кралот Мохамед VI, во заштитата и промовирањето на човековите права.

Под водство на мароканскиот крал, Мароко всушност го направи неповратниот избор за зацврстување на владеењето на правото и заштита на човековите права. Овој избор, кој е дел од Уставот од 2011 година, резултира со континуирани реформи насочени кон консолидирање на демократијата, родовата еднаквост, социјалната и територијалната правда, ефективноста на човековите права, инклузивното учество и зајакнување на младите, се нагласува во соопштението за медиумите.

Благодарение на поддршката од страна на голем број земји од сите региони на светот, а и покрај негативната мобилизација на Алжир и Јужна Африка, изборот на Кралството исто така ја открива довербата и кредибилитетот инспирирани од надворешната акција на Мароко на меѓународната сцена и во мултилатералниот систем.

Кралството Мароко, чиј придонес е признат во рамките на Советот за човекови права, особено во основачките развојни процеси на ова тело, ја поздрави изразената доверба. Ова претставува силен сигнал од меѓународната заедница за конструктивниот пристап и обединувачкото лидерство на Кралството во клучните теми, вклучувајќи го меѓуверскиот дијалог, толеранцијата и борбата против расната омраза, правото на здрава и одржлива животна средина, правата на мигрантите и влијанието на новите технологии.

За време на своето претседавање Кралството ќе остане лојално на целите кои си ги постави за време на трите мандати во Советот за човекови права, секогаш давајќи предност ги дијалогот и консензусот. Заедно со членовите на Советот и сите регионални групи, Кралството има намера да продолжи да го зајакнува и промовира ова важно тело на системот за човекови права на ОН, се заклучува во соопштението за медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ