петок, 18 октомври 2024
Европска лига

Историски бод за Алкалоид во Европа!

Ракометарите на Алкалоид освоија историски бод во Европската лига на ЕХФ, вицешампионот на Македонија вечерва ремизираше против Ла Риоха со 29-29.

Објавено на

часот

Сподели

Момците на Кирил Лазаров се прикажаа во одлично светло на гостувањето во Шпанија, можеа да дојдат и до победа, ама во клучните моменти имаа неколку промашувања.

Ла Риоха создаде предност од три гола на почетокот од натпреварот (4-1), а Алкалоид се избори за егал (7-7), но домаќините брзо се вратија во позитива и на пауза заминаа со водство од 18-15.

Шпанскиот тим поведе и со четири гола во вториот дел, но Алкалоид влезе во одлична серија и со 5-0 го сврте резултатот во своја корист (20-21).

Вицешампионот на Македонија потоа не искористи неколку шанси за +2, Ла Риоха додаде гас и повторно избегаа на три разлика (28-25).

Алкалоид значително го подигна нивото во завршницата од натпреварот, и по вистинска драма успеа да стигне до 29-29 и да освои бод, историски прв во Европа.

Арно Бинго постигна седум, а Џонов запиша шест голови за Алкалоид, додека во редовите на Ла Риоха најефикасен беше Пресиадо Рамос со седум погодоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ