сабота, 27 јули 2024

Историска пресвртница: Мишел О’Нил од Ирската националистичка партија Шин Фејн именувана за премиер на Северна Ирска

Парламентот на Северна Ирска денеска за прв пат именуваше ирски националист за премиер, што е историска пресвртница во држава формирана пред еден век за да се обезбеди доминација на пробританските унионисти, пренесува агенцијата Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Назначувањето на Мишел О’Нил е последниот знак за подемот на партијата Шин Фејн во тој британски регион, која рече дека нејзиниот сон за обединета Ирска бил „на дофат“.

Назначувањето доаѓа откако ривалот на Шин Фејн, Демократската унионистичка партија (ДУП), официјално го заврши двегодишниот бојкот на владата, откако оваа недела беше постигнат договор со британската влада за ублажување на разликите околу трговските прашања.

„Ова е историски ден кој претставува нова зора. Ќе им служам на сите подеднакво и ќе бидам премиер за сите. Жал ми е за сите изгубени животи за време на конфликтот без исклучок“, изјави О’Нил во собранието.

Британскиот министер за регионот Крис Хитон Харис изјави дека обновувањето на владата е „голем ден за Северна Ирска“.

О’Нил претставува транзиција кон новата генерација политичари од Шин Фејн кои не се директно вклучени во повеќедеценискиот крвав конфликт во регионот меѓу ирските националисти кои бараат обединета Ирска и пробританските унионисти кои сакаат да останат во Обединетото Кралство.

Како поранешно политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА), Шин Фејн долго го избегнуваше политичкиот естаблишмент од двете страни на границата. Сега е најпопуларната партија во Република Ирска. Вицепремиерската функција, која има еднаква моќ, но помала симболична тежина, ја презеде Ема Литл Пенгели од ДУП.

Околу собраниската зграда имаше силно обезбедување, но немаше проблеми, според Ројтерс.

Против назначувањето на О’Нил беа од Традиционалниот унионистички глас (ТУВ), тие исто го отфрлија трговскиот договор на ДУП.

Референдумот е одговорност на британската влада, анкетите постојано покажуваат јасно мнозинство за останување дел од Обединетото Кралство, наведува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ