четврток, 30 мај 2024
Во иднина ќе имаат две ѕвезди на дресот

Историја, Интер слави јубилејно Скудето број 20 со победа над Милан! (ВИДЕО)

Интер се радува на нова титула во Серија А, со победа во градското дерби против Милан, избраниците на Симоне Инзаги го осигураа Скудетото број 20.

Објавено на

часот

Сподели

Интер во иднина ќе има две ѕвезди на дресот, вечерва „нероаѕурите“ се радуваат на јубилејното Скудето број 20.

На пет кола до крајот на сезоната, избраниците на Инзаги испишаа историја, и за прв пат во директен дуел со градскиот ривал Милан, и математички ја осигураа титулата.

Ачерби ги донесе гостите во предност од 0-1 во 18. минута, дефанзивецот беше оставен сам по еден корнер и со глава ја затресе мрежата.

Интер потоа пропушти неколку добри шанси за зголемување на водството, но по пет минути игра во вториот дел, Турам прецизно биеше по земја од врвот на шеснаесетникот за 0-2.

Томори намали на 1-2 во 80. минута и натпреварот влезе во тензична завршница во која беа покажани три црвени картони.

Најпрво Тео Ернандес и Дамфрис се фатија за гуша и беа исклучени, за подоцна Калабрија да го удри Фратези при еден корнер и предвреме да го заврши мечот.

Мрежите сепак мируваа, па Интер можеше да почне со славјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ