сабота, 2 ноември 2024

Истече рокот за продолжување на примирјето. Израел: Хамас ги прекрши условите од договорот

Објавено на

часот

Сподели

Хамас не коментираше ниту ја презеде одговорноста за нападите. Катар и Египет вложуваат интензивни напори за продолжување на примирјето откако во четвртокот ја разменија последната група од осум заложници и 30 палестински затвореници. Израел претходно го одреди ослободувањето на 10 заложници дневно како минимум што би го прифатил за да ги запре копнените напади и бомбардирањата.

Палестинската Црвена полумесечина претходно објави дека 310 камиони со хуманитарна помош успешно стигнале до северниот дел на окупираниот Појас Газа, кој Израел силно го бомбардира. Добротворната организација објави на мрежата Икс, порано позната како Твитер, дека виталните залихи како храна, храна за бебиња и ќебиња биле доставени до илјадници луѓе на кои им биле потребни.

Само претходниот ден, 56 камиони со хуманитарна помош пристигнале во градот Газа и северните области на Појасот Газа. До почетокот на примирјето, пред точно една недела, Израел ја насочуваше својата воена акција против исламистичката организација Хамас во северниот дел на Газа. На стотици илјади луѓе им беше наредено да побегнат во јужниот дел на Газа. Сепак, во масовните бомбардирања загинаа илјадници цивили.

Од почетокот на примирјето, кое оттогаш беше продолжено до утринава, повеќе од 1.000 камиони со помош пристигнале во крајбрежната област. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека до вчера 1.132 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа преку Рафа, единствениот граничен премин отворен за помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ