среда, 22 јануари 2025

Ист гејт мол воведува наплата за паркинг

Од 9 октомври услугата за паркинг во трговскиот центар Ист гејт мол ќе се наплаќа. Првиот час ќе биде бесплатен. Три часа бесплатен паркинг ќе можат да се искористат со покажување на фискални сметки од одредени локали во молот.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар Ист гејт лол воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години откако се отвори трговскиот центар. Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој започнат час. Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град, велат од трговскиот центар.

д

Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата и тоа на следните локации:

Ниво – 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата Крусел (југ) и Кар бокс (север),

на Ниво – 1 излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците Нептун (југ) и 5Центар (север).

На паркоматите може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички.

Бесплатно паркирање до 3 часа ќе имаат сите купувачи на супермаркетот Тинекс со фискална сметка над 999 денари, фитнес центарот Palestra, пералната за коли Car Wash и авто центарот Motocentar со валидација на билетот во нивните продажни места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ