среда, 29 мај 2024
Прес-конференција на портпаролот на МВР, Тони Ангеловски

Испукана димна бомба на гласачко место во Скопје пред 7 часот

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти на прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Околу 06.30 часот е пријавено од страна на претседателот на избирачкиот одбор дека на гласачко место во Скопје во ходникот била пронајдена испукана димна бомба.

Објавено на

часот

Сподели

„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во 09.30 часот на избирачко место 2274 во Штип Г.Ј. го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници од СВР Штип се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 09.20 часот на гласачко место 2.844 во ОУ Јохан Х. Песталоци во Скопје, С.М. (57) го фотографирала гласачкото ливче и од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот. Околу 09.20 часот на избирачко место во с.Бучим, радовишко, од страна на претседателот на избирачки одбор е пријавено дека Р.О. (52) од с.Бучим му го покажал гласачкото ливче на еден набљудувач и од страна на ОВР Радовиш се преземаат мерки за расчистување на случајот. Покрај ова, на подрачје на општина Чаир во Скопје на паркирани возила забележани се летоци во врска со изборниот процес, а на две локации во Скопје се забележани испишани графити. На гласачко место во Скопје, покрај испишан графит, околу 06.30 часот е пријавено од страна на претседателот на избирачкиот одбор дека во ходникот била пронајдена испукана димна бомба“, изјави Ангеловски.

Од страна на полициски службеници се преземени потребните мерки и активности и гласањето се одвива непречено.

„Апелирам до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица“, додава Ангеловски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ