среда, 19 март 2025

Испратени на лекување во странство уште 17 повредени во Кочани: 12-мина во Белград, двајца во Виена, тројца во Атина

Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, а осум во Универзитетскиот клинички центар, потврди за МИА д-р Игор Николов, кој е контакт-лице за сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство. 

Објавено на

часот

Сподели

Во Србија досега се префрлени вкупно 29 пациенти.

Двајца повредени, пак заминуваат на лекување во Виена, а тројца во Атина.

Во меѓувреме, на Клиниката за токсикологија во Скопје хоспиталзирани се 10 лица кои имаат интоксикација со гасови. Сите пациенти кои беа на лекување во Кочани се префрелени во Скопје. Уште три лица се донесени на опсервација поради вдишување на гасови.

Во пожарот во дискотеката во Кочани животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени. Дел од повредените се хоспитализирани во болниците во земјава, а потешките случаи се префрлени на лекување во странство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ