сабота, 19 октомври 2024

Исмет Гури сам се пријавил во полиција

Исмет Гури, поранешниот заменик директор на УЈП, за кого беше распишана меѓународна потерница, денеска сам се пријавил во полиција и веќе е во затвор, потврдија од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Гури беше во куќен притвор поради примање на редовна терапија за здравствените проблеми кои ги имал, но во почетокот на годинава избега, по што беше распишана меѓународна потерница по него. Тој лани беше уапсен заедно со 15 лица меѓу кои и бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи, под сомневање за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.

Гури избега од куќниот притвор откако обвинителството по жалба побарало куќниот притвор да му се преиначи во ефективен притвор во Шутка.

Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал во Чаир за време на локалните избори 2013 годината, во кој судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.

Обвинението за „Титаник 3“ беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО. Гури беше истакнат активист на ДУИ, а по одделувањето на Изет Меџити се придружи на Демократско движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ