сабота, 19 октомври 2024

Исланѓани ќе ни делат правда против Германија

Објавено на

часот

Сподели

Судиите Хлинур Леифсон и Антон Палсон се делегирани за да ја делат правдата во салата „Чаир“ во Ниш. Босанците по лошо ги паметат овие двајца судии, за кои, испраќаа протестно писмо до ЕХФ во 2008 година за дуелот со Унгарија.

Босанците се жалеа на арбитражата, но и на одлуката Унгарија да го напушти паркетот во „Скендерија“.

Денеска покрај дуелот на нашата репрезентација против Германија, се играат уште три меча. Во нашата група, Шведска ќе се соочи со Чешка од 20.15 часот, а овој меч ќе го судат Шпанците, Рали и Сабросо.

Во групата А, каде се игра дербито на домаќинот Србија со светскиот вицепрвак Данска, судии се Французите Лазар и Ревере. Мечот во белградски Пионир е на програмата од 20.15 часот, додека два часа претходно ќе се сретнат Словачка и Полска, а арбитражата им е доделена на Словенците Крстиќ и Љубиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ