сабота, 27 јули 2024
Во пресрет на новите возбудувања на најелитното европско натпреварување

Исламската држава се заканува со терористички напад на натпреварите во Лигата на шампиони! (ФОТО)

Во пресрет на првите натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампиони, Исламската држава преку фондацијата Ал Азаим се закани со терористички напади во Мадрид, Париз и Лондон.

Објавено на

часот

Сподели

Доцна синоќа пристигна закана за терористички напад на натпреварите во Лигата на шампионите.

Исламската држава, преку фондацијата Ал Азаим, пласираше постер со сите стадиони (Паркот на Принцовите, Сантијаго Бернабеу, Метрополитано и Емирати) на кои се играат четвртфиналните натпревари во најелитното европско натпреварување, и беше напишана пораката: „Убиј ги сите“.

Како што пренесува Марка, властите во Мадрид денеска ќе имаат нов состанок на кој ќе одлучат дали дполнително ќе ја зголемат безбедноста, која и онака е на високо ниво бидејќи во главниот град на Шпанија ќе има два големи натпревари во период од два дена.

Натпреварите Реал Мадрид-Манчестер Сити и Атлетико Мадрид-Борусија Дортмунд од претходно се прогласени за висок ризик, и за редот ќе се грижат повеќе од 3.000 полицајци.

Се очекува речиси 8.000 навивачи на Манчестер Сити и Борусија Дортмунд да пристигнат во Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ