сабота, 27 јули 2024

Исламска држава повторно напаѓа: Минибус со патници кренат во воздух

Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за синоќешната експлозија на минибус во Кабул, главниот град на Авганистан.

Објавено на

часот

Сподели

Во експлозијата загинаа најмалку две лица, 14 се повредени.

Нападот бил извршен во шиитската населба Дашти Барчи во западниот дел на Кабул, изјави портпаролот на полицијата Калид Задран, пренесува Асошиејтед прес.

Сунитската милитантна група соопшти дека нејзините членови детонирале експлозивна направа во автобус со шиити муслимани, кои ги нарекоа неверници.

Синоќешниот напад на Исламската држава беше првиот фатален напад во Авганистан во 2024 година.

Областа Дашти Барчи во Кабул постојано е цел на огранокот на Исламската држава во Авганистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ