петок, 19 април 2024

Исламска држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Портпаролот на терористичката организација Исламска држава, Абу Хутаифа Ал Ансари го пофали денеска терористички напад врз трговскиот центар Крокус во Москва.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ал Ансари ги повика поддржувачите на Исламската држава да целат со напади „крстосници“ насекаде, особено во Соединетите Американски Држави, Европа и Израел, пренесува Ројтерс.

„Се молиме на Бога да стигнете до Палестина за да можете да се борите со Евреите лице в лице во бескрајна верска војна“, рече Ал Ансари во снимената аудио порака објавена на платформата Телеграм.

Рускиот истражен комитет денеска соопшти дека докажал поврзаност помеѓу директните извршители на терористичкиот напад и „украинските националисти“, што САД го отфрлија како „неоснована пропаганда“.

Животот го загубија 143 лица во терористички напад вечерта на 22 март пред концерт во Крокус сити хол во Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ