Ал Ансари ги повика поддржувачите на Исламската држава да целат со напади „крстосници“ насекаде, особено во Соединетите Американски Држави, Европа и Израел, пренесува Ројтерс.
„Се молиме на Бога да стигнете до Палестина за да можете да се борите со Евреите лице в лице во бескрајна верска војна“, рече Ал Ансари во снимената аудио порака објавена на платформата Телеграм.
Рускиот истражен комитет денеска соопшти дека докажал поврзаност помеѓу директните извршители на терористичкиот напад и „украинските националисти“, што САД го отфрлија како „неоснована пропаганда“.
Животот го загубија 143 лица во терористички напад вечерта на 22 март пред концерт во Крокус сити хол во Москва.