сабота, 27 јули 2024

Исламистите тријат раце по парламентарните избори во Египет

Објавено на

часот

Сподели

Египетските исламистички партии се очекува да победат на последната рунда од изборите за долниот дом од парламентот што продолжија во средата. Но дали првите легитимни избори во 60 години ја зацементираа коалицијата помеѓу Муслиманското братство и војската?
Партијата за слобода и правда (ПСП) на Муслиманското братство е во водство, а поекстремната Исламски салафи е на второ место со последната рунда од изборите одржана оваа недела, што им предизвикува страв на секуларистите дека конечните резултати ќе последната шајка во ковчегот на надежите за вистински демократски реформи. А фактот дека двете водечки исламистички партии имаат околу 70 одсто од гласовите ги подгрева стравовите дека шеријатот ќе стане реалност и во Египет.
Новиот парламент ќе избере и совет од 100 члена, кој ќе го пишува новиот Устав на Египет, а Муслиманското братство вети дека нема да го злоупотреби изборниот успех за да ја наметне својата уставна визија над другите.
„Освојувањето на мнозинството во новиот парламент не значи дека нашата партија сама ќе го пишува уставот без да води сметка за другите Египќани, или дека ќе ги игнорира другите политички сили што не освоија мнозинство на парламентарните избори“, изјави лидерот на ПСП, Мохамед Мурси, јавува Ројтерс.
Се шират шпекулациите за исламистичко преземање на целокупната власт, главно поради продлабочените врски помеѓу муслиманската власт и владејачкиот Воен совет, кој ја владее земјата откако народните демонстрации го симнаа режимот на претседателот Хосни Мубарак во февруари минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ