петок, 25 октомври 2024

Исламисти планирале напад на концерти на Тејлор Свифт, едниот е со потекло од Македонија

Голема операција се одржа во австрискиот град Терниц, во кој жителите беа евакуирани, а патиштата затворени. Со часови никој не знаеше што точно се случува, пишува австрискиот веб-сајт Кронен цајтунг. Уапсен е 19-годишник, по потекло од Македонија, кој е осомничен за тероризам. Уапсен е уште еден осомничен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Човекот планирал напад на еден од концертите на Тејлор Свифт во Виена. Со оглед на тоа што трите концерти на суперѕвездата беа целосно распродадени, тоа ќе беше катастрофа, вели австрискиот медиум.

Постои конкретно сомневање дека има опасност на концертите на Тејлор Свифт, пренесува медиумот и додава дека дојавата дошла од странски безбедносни служби.

Австриецот со македонско потекло живеел со семејството во Терниц и бил уапсен во раните утрински часови. Сепак, апсењето довело до операција во која речиси половина од градот морало да биде евакуирана.

Ситуацијата сега е малку смирена, вели Кронен цајтунг, но неизвесноста сè уште е голема. Упатените зборуваат за „многу деликатен“ случај и во тек се опсежни мерки. Во моментов се врши процена на хемиските супстанции што биле запленети при претресот на куќата и други траги.

Сепак, истражителите уверуваат дека „конкретната закана (за концертите) е избегната“, иако „апстрактна опасност“ сè уште постои.

Во тек се истраги за можни поддржувачи или соучесници.

Во Виена веќе е извршено уште едно апсење во врска со акцијата во Терниц. Според полицијата, осомничените пред неколку недели ѝ се заколнале на верност на терористичката организација Исламска држава. Се верува дека двајцата се радикализирале на интернет.

Во моментов нема планови за откажување на концертите. „Сепак, посетителите мора да очекуваат доцнење при пристигнувањето и влегувањето во местото“, истакнаа генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф и шефот на државната полиција на Виена Герхард Пурстл: „Нашите моментални информации ќе му бидат пренесени на организаторот“. Не може да се соопштат повеќе детали за сторителите за да не се наруши истрагата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ