сабота, 27 јули 2024

Искршени гранки и оштетени возила од снегот во Дебар

Објавено на

часот

Сподели

Засега, според дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта нема прекин на сообраќајот на патиштата кои се под нејзина надлежност.

„Наши екипи се постојано на терен во расчистување на снегот од коловозите на кој има  остатоци. Поради тоа, но и ниските температури се препорачува без поголема потреба да не се тргнува на пат, а доколку е неопходно возачите да бидат многу внимателни“, додаваат од секцијата.

Снегот од улиците интензивно се чисти и во градот.

„Фирмата која е тендерирана за оваа намена, е на терен и работи со максимален интензитет на чистење на снегот од патиштата и урбаните и руралните делови (во селата) на општината. На граѓаните им се препорачува да не излегуваат непотребно во градот со автомобили, бидејќи снежните врнежи предизвикаа и материјална штета“, информираа од општина Дебар.

Од Општината информираат дека поради тежината на снегот има искршени гранки од кои се оштетени и возила, како и паднати бандери на кои се поврзани кабловски оператори. Во градот има чести прекини во снабдувањето со електрична енергија, како и во неколку села во Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ