По донесената одлука на Владата на 24 јули за издавање концесија на Бехтел и Енка и по нејзиното објавување, откако дознавме, го организиравме денес овој помасовен протест и пред локалната самоуправа. Бевме повикани од градоначалникот Борче Јовчески. Свесен е за состојбата во која се наоѓа локалната самоуправа и можностите кои ги има на раполагање, добивме ветување дека градоначалникот, најдоцна до четврток, ќе организира работен состанок со директорот на ЈП за државни патишта и со нивни претставници, со цел да ги соочиме аргументите ‘за’ и ‘против’ отворањето на рудникот во селото Оревоец. Јас сум повеќе од убеден дека немаше до ова да дојде доколку се одржење состанок со претпријатието и со министерот за транспорт и врски, што ние баравме“, рече Стеваноски.
Тој додава дека во поткрепа на нивните аргументи се и наодите на вештите лица.
„Наодите буквално укажуваат на опасноста која претстои од сите аспекти, во однос на животната средина и природата, во однос на изворите и по однос на спротивставеноста на самата одлука со законот, зашто за село Оревоец во 2022 година е донесен детален урбанистички план, па така и за издадената концесија и оваа одлука е незаконита. Дополнително, одлуката на Владата ќеја оспориме пред Управниот суд“, изјави Стеваноски.
Оревоец не е елитна населба, туку живеалиште на триесетина жители. Протестите остануваат до наоѓање решение, за што жителите, велат, дека се подготвени да се бара.
„Остануваме на протестите зашто гледаме дека никој ништо не презема, па работите ги зедовме во свои раце. Овде станува збор за нашите животи, живеалишта, за животната средина и за водата. Очигледно со издавање на концесита станува збор само за пари, зашто на концесијата јасно стои дека се издава за мермер. А патишта со мермерни плочки не се прават“, вели жителот Дејан Ачкоски.
Жителите очекуваат Управниот суд во побрз можен рок да одлучува и во однос на владината одлука и во однос на времената мерка за стопиање на ископите.