Како што соопшти МВР, хеликоптерот Ми-171 исфрлил над 55 тони вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот бил вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрлил 30 тони вода, по што опасноста по селото е отстранета.
„Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење“, наведуваат од МВР.