сабота, 27 јули 2024

Исчезнатиот маж од Прилеп најден мртов

Александар Јошески од Прилеп по кого се трагаше неколку дена, синоќа е пронајден мртов. Јошески исчезна на 21 февруари, а последен пат бил виден кај автомеханичар Цуцуло. Од МВР велат дека пријава дека лицето е пронајдено починато добиле во 20:15 часот.

Објавено на

часот

Сподели

„Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп“, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ