сабота, 27 јули 2024

Исчезнатата Вања ја нема повеќе од 24 часа, се прегледуваат камери и потрагата продолжува

Објавено на

часот

Сподели

„За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста сѐ до пронаоѓањето на малолетничката“, соопшти вчера вечерта полицијата.

Се работи за Вања Ѓорчевска од Скопје, 14-годишна ученичка во деветто одделение, која е исчезната од вчераутро. 

Мајката Зорица вчера за дел од медиумите раскажа дека таа тргнала кон училиштето, кое било седум минути оддалечено од нивниот дом, вчера во 7.20 часот. Во 7.34 телефонот ѝ бил исклучен, а од Вања немало ни трага. Последен пат била видена во Дебар Маало, на пат кон Песталоци.

„Никогаш не се случило вакво нешто, ќерка ми е примерна ученичка, одговорна личност. Се сомневам дека е киднапирана! Обично на училиште оди заедно со сестра ѝ, денес сестра ѝ остана дома и Вања тргна сама. Другарките не знаат ништо, класната наставничка е вознемирена, проверивме социјални мрежи, нема ништо! Затоа и сѐ поголем ни е сомнежот дека е насила одведена“, изјави вчера нејзината мајка. 

Потрагата по девојчето трае, а од полицијата повеќе информации ќе има во текот на денот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ