сабота, 19 октомври 2024

Исчезнат маж најден починат во близина на неговиот дом

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во село Дулица, општина Македонска Каменица, во близина на неговиот дом бил пронајден починат Т.А.(50) од село Дулица, за кого неговиот брат Ј.А. претходниот ден пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Претходно граѓани се организираа во потрага по изчезнатиот жител на Дулица со активно учество на ловни здруженија од Делчево и Македонска Каменица, како и  Доброволни противпожарни друштва од Македонска Каменица и регионот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ