вторник, 22 октомври 2024

Исчезна американски хеликоптер со маринци

Спасувачките служби на Калифорнија трагаат по исчезнат хеликоптер со петмина маринци, пренесуваат американските медиуми. Хеликоптерот ЦХ-53Е „супер сталион“ требало да пристигне во воздухопловната база на морнарицата Мирамар синоќа. Хеликоптерот полетал од воздухопловната база Крич во близина на Лас Вегас и требало да слета во Мирамар во областа на Сан Диего.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Маринците побарале помош од шерифот на Сан Диего и Цивилната воздушна стража. Од кабинетот на шерифот објавија дека го примиле повикот во 1:50 наутро и дека испратиле свој хеликоптер во потрага но дека тој, поради невреме, не можел да стигне до подрачјето. Потоа биле испратени теренски возила кои можат да стигнат до недостапното подрачје.

Пожарникари пристигнале на местото каде што последен пат бил виден хеликоптерот, но не нашле ништо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ