недела, 20 октомври 2024
Ја бара и полицијата

Исчезна 80-годишна жена со деменција, семејството бара помош за да ја најдат Олгица

Од вчера од утринските часови се трага по 80-годишната Олгица Димитровска со живеалиште во Скопје која за викендот престојувала во шарпланинското село Јелошник, Општина Теарце. Нејзината ќерка забележала дека ја нема од околу 8 часот утрото, а по неколку часовна безуспешна потрага низ селото било пријавено и во полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Олгица Димитровска има 80 години и има деменција. Можно е да тргнала од Јелошник кон пониското село Теарце и да бара превоз за Скопје бидејќи таму живее. Има ниска градба, слаба, сиво бела коса и носи наочари.  Доколку има доброволци апелираме за помош во потрагата, полицијата веќе е на терен“, информираат од семејството на ќерката на Олгица.

Според сознание на семејството, кое сподели фотографија, кога излегла од дома, Олгица била облечена во фустан со кафеава боја и црни копчиња. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ