сабота, 18 јануари 2025

Исчезна 14-годишно девојче од Скопје, мајката бара помош ако некој ја види да пријави

Објавено на

часот

Сподели

Според објавата на мајката на девојчето, 14-годишничката тргнала од дома накај училиште во 7:20 часот по што ѝ се губи секаква трага. Последен пат била видена во Дебар Маало на пат кон училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“.

„Утрово во 7:20 часот мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и се изгуби секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светлосин џемпер, црна кратка зимска јакна и бели патики ’најк’ со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон ‘Песталоци’. Доколку имате каква било информација, јавете се на 075 400 816“, пишува мајката во објавата на социјалните мрежи. 

Од МВР потврдуваат дека утринава добиле пријава во 08:35 часот

„На 27.11.2023 година во 08:35 часот, З.Ѓ. пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземааат мерки за пронаоѓање на лицето“, се вели во одговорот кој го добивме од МВР.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ