сабота, 27 јули 2024

Ирвинг и Дончиќ заедно постигнаа 85 поени, но Ексум го имаше клучниот потег (ВИДЕО)

Далас по продолжение го победи Хјустон во тексашкото дерби со 147-136, Ирвинг и Дончиќ имаа одлични партии, но Данте Ексум беше клучот.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот меѓу Далас и Хјустон имаше луда завршница во која гостите пропуштија да победат во регуларниот тек од натпреварот.

При водство од 129-126 на 8 секундо до крајот, Хјустон имаше две слободни фрлања кои не ги реализираше Џабари Смит. Далас ја земаа топката, а противникот наместо да направи фаул и да не им дозволи шут за тројка, тие ги оставија. Ситуацијата ја искористи Ексум кој погоди во последната секунда и го однесе мечот во продолженија.

Во продолжението доминираше Далас и на крајот славеше убедливо со 147-136.

Најефикасен беше Ирвинг со 48 поени, Дончиќ постигна 37, имаше и 12 асистенции и девет скокови, Ексум мечот го заврши со 14 поени и девет скокови. Најдобар кај Хјустон беше Брукс со 29 поени.

Резултати:
Далас – Хјустон 147-136
ЛА Клиперс – Кливленд 120-118
Индијана – Мајами 117-115
Бостон – Портланд 124-107
Шарлот – Оклахома 118-121
Орландо – Чикаго 113-98
Феникс – Њу Орлеанс 105-113
Торонто – Вашингтон 130-122
Милвоки – Њујорк 109-122
Сан Антонио – Филаделфија 126-133
Бруклин – Сакраменто 77-107
Голден стејт – Јута 118-110
ЛА Лејкерс – Минесота 117-127

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ