вторник, 22 октомври 2024

Ирскиот премиер го прозва Израел: Во Газа се води војна против децата

Светот не направи доволно за да се постигне прекин на огнот во Газа, кажа ирскиот премиер Сајмон Харис. Тој повика на итна ревизија на Договорот за придружување меѓу Европската Унија и Израел, кажувајќи дека се кршат одредбите на трговскиот договор во врска со човековите права.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ирскиот премиер предупреди дека светот во иднина на конфликтот ќе гледа како на „време на мрачен срам“. Харис кажа дека самиот себе секој ден се прашува дали ирската влада можела да направи повеќе. „Сметам дека сцените кои се одвиваат на Блискиот Исток се гротескни и речиси незамисливи кога станува збор за размерите на катастрофата“, кажа Харис.

„Би го нарекол тоа војна против децата, верувам дека е така. Постапките на Израел се крајно несразмерни. Исто така, многу сум свесен за нештата како трговијата која се одвива на ниво на Европската Унија. Да бидам јасен, не верувам дека светот и Европската Унија направија доволно за да се постигне примирје“, кажа тој.

„Кога ќе се осврнуваме на овој период, ќе биде тоа време на мрачен срам за светот, затоа што постојат лостови кои можеа да се искористат на европско ниво, а досега не се искористени“, порача Харис, додавајќи дека ЕУ веднаш може да направи повеќе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ