петок, 18 октомври 2024

Ирски весник објави колумна напишана од вештачка интелигенција, следуваше извинување

Објавено на

часот

Сподели

Уредникот Руадан Мек Кормак напиша дека весникот „искрено жали“ за коментарот со наслов „Опсесијата на ирската жена со лажниот тен е проблематична“ објавен минатата недела, пренесува „Гардијан“.

„Сега се чини дека написот и придружната фотографија на авторот можеби се произведени, барем делумно, користејќи генеративна технологија за вештачка интелигенција. Тоа беше измама – лицето со кое се допишувавме не беше онаa за кое се претставуваше“, напиша главниот уредник во извинувањето.

Авторката се вика Адријана Акоста-Кортес и таа е опишана како 29-годишна здравствена работничка од Еквадор која живее во северен Даблин, а текстот е придружен со фотографија на наводната авторка.

Во написот се дискутирало за широката распространетост на козметички и други операции на кои се подложуваат жените во Ирска, обидувајќи се да постигнат потемен тен на лицата. Веќе следниот ден неколку корисници на социјалните мрежи се запрашаа дали се работи за вистинска личност, и се обидоа да ги проверат името на авторката и фотографијата.

Текстот потоа беше отстранет и заменет со назнака: „Написот е отстранет, додека се разгледува случајот“.

Во својот коментар уредникот Мек Кормак вели дека весникот е жртва на намерна и добро координирана измама.

„Тоа беше прекршување на довербата меѓу „Ајриш тајмс“ и неговите читатели и навистина ни е жал“, пишува уредникот.

МекКормак рече дека инцидентот ги покажал предизвиците што вештачката интелигенција ги носи во објавувањето вести.

„Ние, како и другите, ќе научиме и ќе се адаптираме“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ