сабота, 21 декември 2024

Ирска го негира фронтот Полисарио

Ирската амбасада во Рабат објави соопштение со кое негираше дека посетата на генералниот секретар на Полисарио, Брахим Гали на Даблин била официјална и дека тој имал некаков контакт со високите ирски власти.

Објавено на

часот

Сподели

Намерата на Полисарио присуството на генералниот секретар Брахим Гали да го претстави како официјална посета на Даблин, главниот град на Ирска, предизвика официјален демант од страна на ирската амбасада во Рабат.

Соопштението категорично потврдува дека присуството на Полисарио во Ирска било од приватен карактер, а не службено, како што објавија медиумите блиски до сепаратистичката група, соопштуваат мароканските власти.

Во соопштението се наведува дека посетата на Ирска од страна на претставниците на фронтот Полисарио минатата недела беше приватна, организирана од про-Полисарио микро-асоцијација активна во Ирска. Ирската влада на ниту еден начин не е вклучена или одговорна за оваа активност.

Во соопштението се потврдува дека сепаратистите не биле примени од ниту еден член на ирската влада и дека нивната посета не била одговор на официјална покана. Во продолжение на соопштението се вели дека и покрај нивните упорни барања и поддршката од нивните посредници, сепаратистите не оствариле разговори – официјални или неофицијални – со ирскиот премиер Лео Варадкар, со неговите советници, ниту со министерот за надворешни работи, Мајкл Мартин.

Тие исто така немале прием ниту кај претставници на ирскиот парламент. Претседателите на двата дома, како и претседателот на Мешовитиот комитет за надворешни работи одбиле да ги примат. Само неколку парламентарци симпатизери на сепаратистичката група одржале состанок, но во лично својство, а не во име на Собранието.

Во официјалното ирско соопштение се нагласува дека ставот на Ирска за прашањето околу мароканска Сахара не само што не е променет, туку е јасен и цврст во изјавата дека Ирска не ја признава псевдо-сепаратистичката република.

Соопштението исто така истакнува дека Ирска преку својата влада застапува конструктивна официјална позиција на целосна поддршка на процесот предводен од ОН и на напорите на генералниот секретар да се постигне конечно и взаемно прифатливо политичко решение на прашањето за Сахара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ