четврток, 26 декември 2024
Предупредување

ИРМ: Повлечениот високоризичен закон за Митилинеос Владата го врати во Собранието

Здружението Инженери на Република Македонија информира дека не само што има молк за барањето инженери како стручна јавност да присуствуваат на седниците во Собранието и да го искасжат мислењето за планот за стратешки инвестиии, туку и дека веќе еднаш повлечените закони во ист ден Владата ги врати во процедура за доставување до парламентот. Според инженерите, проектот за стратешки инвестиции е високо ризичен од аспект на корупцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на вчерашниот ден на две седници на Владата од страна на претседателот Талат Џафери најпрво се донесени заклучоци за повлекување на четирите закони за реализација на стратешки инвестициони проекти од собраниска постапка, а потоа повторно се доставени предлози за истите закони до Собранието, но овој пат од страна на вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој до пратениците го достави и договорот за „Соларниот парк Стипион“, кој материјал не беше доставен на претходните седници, наведуваат од Инженери на Република Македонија.

„Ние до денешен ден не добивме одговор на барањето да бидеме поканети и да го изнесеме нашето мислење по прашањата што се разгледуваат на седниците на работните тела: Комисија за економски прашања и Законодавно правна комисија за четирите закони за реализација на стратешки инвестициони проекти. Информираме дека Законот за стратешки инвестиции, врз основа на кој се носат овие закони како лекс специјалис, е окарактеризиран како закон кој согласно формата и содржината може да продуцира ризици од корупција од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и за истиот во постапка се измени и дополни“, се вели во реакцијата.

Kaко прилог во својата реакција инженерите даваат хронологија почнувајќи од 2019 година во врска со намерата на Владата да привлече големи странски инвестеиции, па се наведува дека тогаш, тогашниот премиер Зоран Заев најави дека со посебен закон ќе се овозможи влез на странски инвестиции во вредност од над 100 милиони евра на територијата на Скопје и во соодветна сума во другите делови од Македонија. Притоа се цитира Заев кој рече дека веќе се преговара со пет – шест компании за влез со инвестиции во вкупна вредност од 2 милијарди евра. Тогашниот предлог закон, се вели понатаму, воопшто не кореспондирал со европската регулатива.

И покрај забелешките од Европската комисија, законот за стратешки инвестиции, за кој здружението на инженери го дава епитетот „чудовиште како од романот Франкештајн од Мери Шепи“ е изгласан во Собранието во 2020 година.

Реагирала и Аинтикорупциската комисија, правени биле законски измени, поднзаконските измени не се донесени, нацрт законските измени стојат отворени, но и покрај тоа, според изјавите на тогашниот премиер, се преговарало со странски компании, реагираат инженерите.

Во хроднолигијата се нагласува дека пред две недели вицепремиерот Битиќи изјави дека е започнато институционално се прегоавара со странски инвеститори, што пак значи и официјални документи за стратешки проекти, што пак, како што се нагласува, не кореспондира со изјавите од Заев дека веќе се преговарало.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ