сабота, 27 јули 2024

ИРЛ: Анѓушев го саботира истражувањето за модуларната болница во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

„Уште пред два месеца алармиравме дека се саботира тековно истражување со цел да се спречи и одолговечи објава на сторијата посветена на трагедијата во која загинаа 14 граѓани во пожар во модуларната болница во Тетово. Со денешното соопштение испратено од Фероинвест, а објавено на десетина медиуми намерата е да се збуни јавноста, а со цел да се заштитат интересите на економски моќни поединци, а не на широката јавност што е основната функција на медиумите. 

Сето ова резултира со одолговлекување на објавата на истражувањето и спречува навремено и точно информирање на јавноста, а во исто време им остава простор на лица и групи од интерес да ги прикријат трагите и да се извлечат од одговорност. Покани за интервјуа беа пратени до повеќе лица, меѓу кои и поранешни и сегашни функционери, но единствено господинот Анѓушев се вознемири од барањето за интервју

Апсурдни се неговите обвинувања дека некој  може да биде вознемируван од медиуми бидејќи дел  од новинарската работа е да се прашаат вклучените страни, особено кога станува збор за мултимилионски проекти платени од буџетот за кои што граѓаните земале и кредити на име на државата. 

Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината за една од најголемите несреќи случени во последните 10 години во земјава. 

Го поканивме господинот Анѓушев на интервју, како и за сите претходни истражувања така и за тековното. Преку ПР-објавите со кои тој се обидува да ја дискредитира истражувачката сторија овојпат несвесно призна дека ИРЛ уредно го кани на интервјуа, а тој подоцна тужи во граѓански постапки дека не бил доволно пати покануван и не му била дадена шанса да ја каже неговата страна. 

Поканата за интервју останува отворена, бидејќи сметаме дека неговите одговори се од голема важност. Се надеваме дека ќе се премисли и ќе прифати и со тоа ќе ја испочитува јавноста. 

Нема да потклекнеме на притисокот и на подмолните обиди да се создаде слика дека Анѓушев е жртва на голема конспирација да биде уништен од „немакедонци“ оти е добар и му се љубомори на успехот.  Ова е веќе познат метод на повеќемина бизнис моќници кои се обидуваат да создадат привид дека се жртви и таргети на новинарите за да избегнат одговорност и правосуден прогон. Бесмислени се обидите на господинот Анѓушев да алудира дека ИРЛ истражува само етнички македонски бизнисмени“, се вели во реакцијата на ИРЛ. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ