петок, 17 јануари 2025

Ирец приведен во Охрид за недозволена трговија со дрога

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, на 16.01.2025 во 13.30 часот го лишиле од слобода А.Б.Ш.(31) од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ