Тоа значи дека студентките и ученичките кои не носат шамија, односно хиџаб, нема да им биде дозволено да слушаат предавања. Новите правила беа објавени по протестите кои започнаа минатата есен низ целата земја, кои беа најсериозната криза во Иран во последните децении.
Многу жени сега се противат на строгите правила за носење хиџаб, особено во поголемите градови. „Целта на одлуката е да се создаде безбедна и погодна средина за духовен развој на студентите“, се вели во соопштението на министерството кое се состои од 16 точки.
Неколку ирански медиуми по објавата на соопштението ја пренесоа веста за оставка на министерот за образование Јусеф Нури, која претседателот веднаш ја прифати.
Како причина за оставката на Нури беше наведено доцнењето на исплатата на платите на наставниците воочи персиската Нова Година Новруз. Во меѓувреме, прашањето за правилата на облекување на жените го подели иранското општество.
Владата првично го игнорираше масовното кршење на правилата за носење хиџаб, но тоа ги налути потрадиционалните тврдокорни лица во општеството.
Во последниве денови, некои ирански граѓани, пратеници и верски водачи се заканија дека ќе ги преземат работите во свои раце доколку владата не почне да ги спроведува правилата за носење хиџаб.