сабота, 27 јули 2024

Иранските медиуми објавија список на ракети што може да досегнат до Израел

Иран поседува девет типа ракети, чиј дострел му овозможува да ја погоди израелската територија, објави иранската новинска агенција ИСНА, по израелскиот напад врз иранскиот генерален конзулат во Дамаск претходно оваа недела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По злосторничкиот напад на израелскиот режим врз иранскиот конзулат во Дамаск, одговорот на Иран на ова злосторство ќе фрли тешка сенка врз Израел“, се вели во текстот со инфографик, кој го покажува широкиот опсег на ракети што можат да го погодат Израел.

Инфографикот презентиран од ИСНА покажува 9 балистички ракети: „Саџил, Хеибар“ (четврта генерација ракета Хорамшахр), „Емад“, „Шахаб-3“, „Гадр“, „Паве“, „Фатах-2“, „Хајбар“ Шекан“, „Хаџ Касем“. Брзината на претставените ракети се движи од 5 до 14 мах (од 6.120 км/ч до 17.136 км/ч).

Агенцијата го објави текстот во екот на зголемените тензии во регионот на Блискиот Исток по воздушниот напад извршен од страна на израелските воздухопловни сили во понеделникот врз зградата на иранскиот генерален конзулат во Дамаск. Иранската Исламска револуционерна гарда (елитна единица на армијата) соопшти дека седум нејзини офицери се убиени, вклучително и двајца високи генерални советници: Мохамад Реза Захеди, командант на силите во Сирија и Либан, и неговиот заменик, генерал Мохамад Хади Хаџи Рахими.

Во зградата на конзулатот се наоѓаше и резиденцијата на иранскиот амбасадор во Арапската Република, Хосеин Акбари, кој не е повреден. Според соопштението на сириското Министерство за одбрана, во нападот била уништена зградата на конзулатот.

Иранскиот претседател Ибрахим Раиси рече дека Израел ќе плати висока цена за нападот, а лидерите на отпорот во регионот рекоа дека е неопходно да се искористат сите можни ресурси во конфронтацијата со Израел за поддршка на палестинското движење Хамас и другите вооружени палестински групи во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ