четврток, 26 декември 2024

Иранскиот врховен лидер му најави „крвав одговор“ на Израел, а им се закани и на САД

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вети дека ќе одговори на секој напад од Израел и САД врз Иран или на некоја од неговите вооружени групи во регионот. „Непријателите, и САД и ционистичкиот режим, мора да знаат дека сигурно ќе добијат крвав одговор за своите постапки против Иран, иранската нација и фронтот на отпорот“ против Израел, рече Хамнеи, кој е на власт од 1989 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ајатолахот одржа говор пред студентите во пресрет на годишнината од заземањето на американската амбасада на 4 ноември 1979 година и киднапирањето на 52 американски дипломати кои беа ослободени по 444 дена.

На 26 октомври, израелската војска за првпат нападна воени цели во Иран како одговор на директниот напад на Иран врз Израел на 1 октомври.

Хамнеи рече дека ќе направи сè за да го подготви иранскиот народ за заканата воено и политички. „Ние правиме сè за да ја подготвиме иранската нација, било да е тоа во воена, вооружена или политичка смисла“ за ссекоја закана, рече тој.

Исламската Република Иран од своето устоличување не ја признава државата Израел, а палестинското прашање го направи столб на својата надворешна политика. По нападот на 26 октомври, Израел го предупреди Иран да се воздржи од одговор, додека Техеран, кој вели дека не бара војна, рече дека ќе одговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ