сабота, 27 јули 2024

Иранскиот врховен лидер: Дури и еден Американец во Ирак е премногу

Објавено на

часот

Сподели

Иран одржува силни врски со Ирак и се противи на американското воено присуство во Ирак и земјите од Персискиот Залив бидејќи западната воена интервенција е причина за несигурност во регионот. „Американците не се пријатели на Ирак. Американците не се ничии пријатели, па не се лојални ниту на своите пријатели во Европа“, изјави Хамнеи, цитиран од државните медиуми.

Американските агенции за национална безбедност го истражуваат протекувањето на доверливи документи, а кои укажуваат на тоа дека САД ги шпионирале сојузниците, вклучително и Украина. „Присуството дури и на еден Американец во Ирак е премногу“, му рече Хамнеи на Рашид, кој пристигна во посета на Техеран со делегација чија цел е зајакнување на врските меѓу двете соседни земји.

САД имаат околу 2.500 војници во Ирак кои ја советуваат и ѝ помагаат на локалната војска во борбата против џихадистичката група Исламска држава, која зазеде големи делови од Ирак и Сирија во 2014 година. „Ирак сака да ги продлабочи односите со Иран и да реши некои од преостанати прашања меѓу двете земји“, рече Рашид, без да се осврне на односите меѓу Ирак и САД во изјавата.

Ирак и Иран војуваа осум години во 1980-тите, но односите меѓу двете земји со мнозинство шиитско население значително се смирија по падот на Садам Хусеин и неговиот режим во кој доминираа сунитите.

Ирак стана важен економски партнер на Исламската Република Иран, на која Западот ѝ воведе низа санкции, а таа на Ирак му испорачува гас и електрична енергија, како и со стоки за широка потрошувачка, пишува Франс прес. Француската агенција потсетува дека двете земји значително придонеле за победата над ИД во Ирак, каде што САД сè уште ги држат своите 2.500 војници.

Американците имаат околу 900 свои војници во Сирија, претежно на североисток, кој е управуван од Курдите, и во рамките на коалицијата предводена од САД во борбата против остатоците од ИД. Петтата флота на американската морнарица е стационирана во Бахреин.

„Не сметаме дека присуството на странски војници и странци во регионот е корисно“, изјави иранскиот претседател Ебрахим Раиси на заедничката прес-конференција со неговиот ирачки колега. „Присуството на САД ја нарушува безбедноста на регионот“, рече Раиси. „Нашите односи со Ирак се засноваат на заеднички интереси, а Американците мислат на сопствените, а не на интересите на земјите во регионот“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ