сабота, 19 октомври 2024

Иранскиот претседател стигна во Дамаск, во прва посета од почетокот на војната во Сирија (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Со воена и економска поддршка од Иран и Русија, Асад ја презема контролата врз поголемиот дел од Сирија од бунтовниците. Раиси го посетува Дамаск во момент кога Иран и регионалниот ривал Саудиска Арабија ги обновуваат врските по неколкугодишните тензии.

Арапските нации кои ја изолираа Сирија поради граѓанската војна развиваат план за реинтеграција на Сирија во арапското семејство. Зборувајќи за проиранската телевизија Ал мајадин пред посетата, Раиси кажа дека патувањето „ќе ги зацврсти и развие“ врските со Сирија и другите сојузници.

Ирански и сириски знамиња беа развеани долж патот кон аеродромот во Дамаск по повод посетата на Раиси и неговата делегација, во која се министрите за нафта, одбрана, надворешни работи и телекомуникации на Иран.

Сириските државни медиуми објавија дека за време на посетата ќе бидат потпишани бројни договори. Асад никогаш не призна јавно дека иранските сили дејствувале на неговата страна во сириската граѓанска војна, кажувајќи дека Техеран на терен има само воени советници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ