сабота, 21 декември 2024

Иранскиот претседател: Ако ционистите не ги сопрат злосторствата, ги чека уште пожестока реакција

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека Израел мора да ги сопре своите злосторства или го чека уште пожестока реакција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пезешкијан изјавата ја даде еден ден откако Иран испука околу двесте ракети на Израел откако израелската војска изврши инвазија во Либан, наводно поради конфликтот со Хезболах. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави одмазда за иранскиот напад.

„Ако ционистичкиот режим не ги сопре своите злосторства, ќе се соочи со уште пожестока реакција“, кажа Пезешкијан пред својата посета на Катар, пренесуваат иранските медиуми.

Пезешкијан, кој се смета за поумерен од своите претходници, за државната телевизија кажа дека главната цел на патувањето во Доха е да разговара за билатералните односи на двете држави и да потпише договори со катарската влада.

„Втората цел е да се разгледа како азиските земји можат да ги спречат израелските злосторства во регионот и да спречат непријателите да предизвикаат хаос на Блискиот Исток“, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ