четврток, 26 декември 2024

Иранскиот потпретседател: Светот очекува администрацијата на Трамп да ги запре војните во Газа и Либан

Иранскиот прв потпретседател Мухамед Реза Ареф рече дека светот очекува идната американска влада на Доналд Трамп веднаш да ги запре израелските војни во Газа и Либан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Американската влада е главниот поддржувач на акциите на ционистичкиот режим (на Израел) и светот го чека ветувањето на новата влада на таа земја веднаш да ги прекине војните против невиниот народ на Газа и Либан“, рече Ареф на заедничкиот самит на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка во Саудиска Арабија.

Тој, исто така, ги осуди неодамнешните израелски убиства на лидерите на палестински Хамас и либански Хезболах, нарекувајќи ги организиран тероризам.

Во септември Израел ги уби долгогодишниот лидер на Хезболах Хасан Насрала и бригадниот генерал Абас Нилфорушан, висок ирански функционер, во воздушен напад во Бејрут.

Израелската армија во октомври објави дека го убила лидерот на Хамас Јахја Синвар, кого го смета за организатор на нападот врз Израел на 7 октомври.

„Операциите што беа конципирани со измамничката фраза на целно убивање и во кои беа убиени палестинската елита и лидерите во другите земји од регионот, еден по еден, не се ништо друго освен организиран тероризам“, рече Ареф, пренесоа агенциите.

Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е зајакната по победата на Трамп на претседателските избори во САД и може да доведе до интензивирање на војните, иако новоизбраниот американски претседател изјави дека сака брзо да ги прекине двата конфликти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ