Британски Гардијан пишува дека неговата едногодишна затворска казна подоцна била заменета со електронско следење, кое завршило во декември, по што бил ослободен. Сепак, враќањето на неговата кауција од 15 милијарди ирански томани, платени од трето лице, зависело од неговото камшикување, кое беше извршено оваа недела.
„Подготвен сум да ја прифатам казната од 74 удари со камшик и иако ја осудувам оваа нечовечка тортура, не барам да биде поништена“, напиша тој на Икс.
View this post on Instagram
Веста за камшикување предизвика бес на иранските социјални мрежи.
Добитничката на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади на Инстаграм напиша: „Извршувањето на казната за камшикување на Мехди Јарахи е одмазда за неговата поддршка за жените во Иран. Камшикувањето по телото на Мехди е камшик за гордите, отпорни жени на Иран и за расцутената и моќна душа на движењето Жени, живот, слобода“.
Во 2024 година, иранското правосудство осуди најмалку 131 лице на вкупно 9.957 удари со камшик, според иранска невладина организација, објави британскиот весник.